19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРадика порибена со 20.000 парчиња поточна пастрмка

Радика порибена со 20.000 парчиња поточна пастрмка

riba radika 33

Националниот парк Маврово во средата изврши порибување на реката Радика и Мавровското езеро со 20 илјади парчиња автохтона пастрмка, која го носи името „радичка пастрмка“.

Директорот на Јавната установа Национален парк Маврово, Онер Јакуповски, изјави дека порибувањето е во рамките на годишната програма за порибување на водите во националниот парк, и оваа е второ порибување во текот на 2015 година, откако првото со исто толку риби беше извршено напролет.

За реката Радика постојано се обезбедува автохтона „радичка пастмка“, вид кој има свои карактеристики познати во домашната и меѓународната јавност. Јакуповски додаде дека рибите се одгледувани во мрестилиштето „Шум“ од Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП