2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоколку сметате дека чоколадото е штетно за вашето здравје, прочитајте го ова!

Доколку сметате дека чоколадото е штетно за вашето здравје, прочитајте го ова!

cokolado 3049

Препуштете му се на уживањето во чоколадниот вкус без чувство на вина. Научниците го нарекувaат „суперхрана“ а докторите го користат во лечењето на некои здравствени проблеми. Да, чоколадото е добро за вашето здравје.

Некогаш прогласено за штетно, чоколадото преоѓа на страната на „добрите“, поради високото ниво на антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Воедно содржи и теобромин, состојка која е добра за нервниот систем, а најновите истражувања спроведени на лондонскиот Империјал Колеџ покажаа дека чоколадото може да ја запре и кашлицата, пишува „Daily Mail“.

Освен што е здраво за конзумирање, некои доктори го препорачуваат и како дел од одредени терапии. Еден од нив е и К.Атсина од медицинскиот факултет во Гана кој веќе подолго време користи какао во прав во лечењето на дијабетис и хипертензија, а неговиот колега Ф. Кваку Адаи препишува две шолји какао дневно како заштита од маларија.

И доброто расположение е поврзано со конзумирањето на чоколадо.

„Во изминатите неколку години, природните состојки како флавонидите, кои во големи колични се содржат во чоколадото, се користат како антидепресиви“, објаснува професорката Донатела Липи од Универзитетот Флоренца во Италија.

За постигнување на максимум позитивни ефекти се препорачува конзумирање на умерена количина на чоколадо, а сите овие совети се однесуваат исклучиво за темното чоколадо кое содржи што поголема количина на какао изразена во проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП