27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Жанета Гeлевска во Чифте амам

Изложба на Жанета Гeлевска во Чифте амам

zaneta slika 3

Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам денеска во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска.

Изложбата ќе содржи 50-тина дела комбинирана техника на платно. Жанета дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година.

Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа, САД, а зела учество и во различни уметнички проекти. Нејзините дела се присутни во многу приватни и јавни колекции низ целиот свет. Во 1999 година е поканета да учествува на изложбата на престижната галерија „Blains“, во Мејфер, Лондон, за веднаш потоа да се пресели во Англија, каде што работи како слободен уметник.

„Конекција“, e насловот на изложбата, кој сам по себе, сугерира симбиоза на најважните вредности во животот како и во уметноста. Жанета Гелевска Вељаноска ги повикува гледачите на нов поглед на поимот „заедништво“. Со своите дела како и во животот Жанета комуницира, Продуховеност, Промисленост и Доследност овојпат во комбинирана техниката на платно, со вметнување на колажи, стари фотографии од минатото заедно со модерните форми од сегашноста. При тоа авторката емитува „уметност на радоста на животот“ и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба за дружење со него“.Сепак посебно би ја издвоила „конекцијата со детето“ на секое човечко битие, како нешто најдлабоко во секој од нас. Систематизираќи ги внатрешни пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување. Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така, таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на чулата и чуствата со емотивни изливи на внатрешната енергија и психички вибрации.

Составните елементи во нејзините сликарски остварувања на Жанета Гелевска Вељаноска успешно оддаваат знаци на траење, како и на постојана потрага во внатрешноста на битието и меморијата, а токму таквите аспекти се суштински за човековото творечко опстојување.

Уметникот ги искажува своите чуства, немири и неспокој за да ја потикне емотивната реакција на гледачот, далеку од реалниот свет.

Куратор на изложбата е Татјана Бундалевска и ќе трае до 21.12.2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП