2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски учесници на стрип фестивал во Албанија

Македонски учесници на стрип фестивал во Албанија

mak-strip

Второто издание на стрип фестивалот „Легенди преку стрипови“ (Narracioni i legjendave përmes novelave grafike) се одржа во Тирана, а изложен беше стрип и на македонски автори.

Исто како и минатата година, претходно зададената тема на овој фестивал, отворен за професионалци и аматери, беше албанските легенди, фолклор и преданија. Во вкупно дваесет и деветте дела од официјалната селекција, изложени и објавени во каталогот, се најде и стрипот „Долг“ на македонските автори Дарко Богданов и Александар Стеванов. Со самото нивно учество, тие станаа досега единствените автори, учесници на овој фестивал, кои не се етнички Албанци, што беше нагласено и во дописот на Министерството за култура на Република Албанија.

На манифестацијата одржана во просториите на министерството за култура, присуствуваше и самата албанска министерка за култура, Мирела Кумбаро (Mirela Kumbaro), која истакна дека и понатаму ќе продолжи да дава поддршка на деветтата уметност – стрипот, која и покрај тоа што не е особено застапена во Албанија, сепак е сакана од авторите.

Жирито во состав Хелидон Халити (Helidon Haliti), Артур Даути (Artur Dauti) и Сеад Казанчиу (Sead Kazanxhiu), за победник на фестивалот го избраа стрипот на авторите Флориан Брегу (Florian Bregu) и Давид Криемади (David Kryemadhi).

Второто место, пак, му припадна на Ѓерѓи Жука (Gjegji Zhuka), а третото на Сара Требичка (Sara Trebicka).

За потсетување, минатата година член на жирито беше претставникот на Стрип центарот на Македонија – Томе Трајков, а минатогодишната победничка на овој прв албански стрип фестивал, Герта Опараку (Gerta Oparaku), пред неколку месеци престојуваше во Македонија, како гостинка на Интернационалниот стрип салон, одржан во Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП