26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја прекина испораката на гас за Украина

Русија ја прекина испораката на гас за Украина

природен-гас

Русија денес ја прекина испораката на гас за Украина бидејќи Киев не го платил на време гасот, што создава ‘голема опасност’ од проблеми при испораките на руски гас во Европа, објави компанијата Газпром.

До нов конфликт меѓу Москва и Киев доаѓа по зголемените тензии поврзани со саботажата на далноводите во Украина, заради што Крим остана без струја.

По прекинот на снабдувањето во лето, испораката на руски гас за Украина продолжи на 12 октомври благодарејќи на договорот со кој се предвидува Киев однапред да ја плати бараната количина.

Украинската нафтена компанија Нафтогаз го доби вкупниот волумен на руски гас платен однапред, а нова уплата не е забележана, соопшти Газпром.

Руската компанија истакнува дека заради тоа ја прекинала испораката, во очекување на ново плаќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП