2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ќе потроши вкупно 9,2 милијарди евра за бегалците во 2015-та и...

Европа ќе потроши вкупно 9,2 милијарди евра за бегалците во 2015-та и 2016-та година

eu begalci 33

Европската комисија ќе потроши вкупно 9,2 милијарди евра за кризата со бегалците во 2015-та и 2016-та година. Ова стана јасно од порака објавена на сајтот на ЕК.

Комисијата веќе предложи измени на своите буџети за 2015-та и 2016-та година, зголемувајќи ги финансиските ресурси наменети за справување со бегалската криза, со 1,7 милијарди евра.

Во соопштението се потсетува дека во мај беше усвоена Европска програма за миграцијата. Оттогаш се усвоени голем број предлози, меѓу кои за распоредување на 160.000 мигранти.

Се дополнува дека листата на приоритетни активности за справување со кризата доби поддршка на неформалниот состанок на државните и владините лидери на 23-ти септември 2015-та година и повторно на 15-ти октомври 2015-та година.

На овие состаноци државните и владините лидери ја признаа потребата да се обезбеди дополнително национално финансирање.

Сега сепак ЕК забележува дека многу од земјите членки се уште не дале свој придонес, кој да се додаде кон финансирањето обезбедено од ЕУ за справување со бегалскиот бран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП