17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Оживеа“ жена закопана пред 75.000 години: Неверојатна реконструкција на лицето на неандерталец

„Оживеа“ жена закопана пред 75.000 години: Неверојатна реконструкција на лицето на неандерталец

Жена закопана во пештера пред повеќе од 75.000 години „оживеа“ благодарение на напорите на тим научници од Универзитетот во Кембриџ. Тие создадоа неверојатна 3Д реконструкција на лицето на овој неандерталец откриен во пештерата Шанидар во регионот на ирачки Курдистан.

Реконструкцијата на лицето ја извршија со помош на Научната единица на Би-Би-Си и се појавува во новиот документарен филм на Нетфликс „Тајните на неандерталците“, се вели во соопштението на Кембриџ.

-Неандерталците и човечките черепи изгледаат многу различно. Неандерталските черепи имаат огромни веѓи, а им недостига брадата, што доведува до проекција на лицето со поизразен нос. Но, ре-креацијата на лицето сугерира дека овие разлики не биле толку големи во животот. Можеби е појасно да се разбере како нашите два вида се измешале до тој степен што речиси секој човек во светот денес има неандерталска ДНК – вели д-р Ема Померој, палеоантрополог од Одделот за археологија во Кембриџ.

Се верува дека неандерталците исчезнале пред околу 40.000 години, а нема многу нови откритија за нивните останки. Неандерталецот од документарецот е првиот што е пронајден во пештера по речиси 50 години и е најдобро зачуваниот поединец откриен во 21 век.

Претходните откритија беа означени со број, а овој се вика Шанидар З.

Главата била смачкана, веројатно од камен што паднал врз неа, релативно брзо по смртта – откако мозокот се распаднал, но пред черепот да се наполни со прашина. Кога бил откриен, черепот бил рамен и дебел околу два сантиметри.

Во лабораторијата на Кембриџ, научниците направија микро-КТ скенови на секој дел од черепот, а потоа главниот конзерватор д-р Лусија Лопез-Полин состави 200 делови од черепот и го врати во првобитната форма.

-Секој фрагмент од черепот внимателно се чисти, и се додава лепак за стабилизирање на коските, кој може да биде многу мек, како бисквит натопен во чај. Ова е како 3Д загатка – изјави Померој.

Тимот се занимавал и со форензичка наука, проучувајќи како се менувале коските по ударот и распаѓањето, со цел да се разбере дали посмртните останки биле закопани.

Повторно составениот череп беше скениран и 3Д испечатен, што беше основа за реконструкција на главата од светски познатите палеоартисти и идентичните близнаци Адри и Алфонс Кенис, кои додадоа слоеви на мускули за да создадат лице.

Новата анализа покажува дека Шанидар З била постара жена, веројатно во средината на четириесеттите години, извонредна возраст за праисторијата.

-Неандерталците имаат лоша репутација откако беа откриени пред 150 години. Нашето откритие покажува дека неандерталците од Шанидар размислувале за смртта и нејзините последици на начин што не се разликува многу од нивните најблиски роднини – луѓето – изјави проф. Греам Баркер од Институтот за археолошки студии Мекдоналд во Кембриџ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП