4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски во работна посета на НР Кина

Премиерот Груевски во работна посета на НР Кина

gruevski-biznis-forum

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, од вторник  престојува во неколкудневна работна посета на Народна Република Кина.

Според најавите, премиерот Груевски  ќе учествува на 4-тиот  Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и петтиот Економско-трговски форум во Суџоу, што ќе биде отворен во вторник, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји од државите од ЦИЕ и Кина.

Самитот ќе го отвори премиерот на НР Кина, Ли Кечианг, а на него освен од Македонија, ќе учествуваат делегации од Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора,  Босна и Херцеговина, Албанија.

Во рамките на посетата планирана е и средба на премиерот Груевски со претседателот на НР Кина, Си Џипинг, како и бизнис форум во Пекинг каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите со кои располага Македонија како држава со поволна бизнис клима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП