10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиена Иншуренс Груп го презема Кјуби Македонија АД

Виена Иншуренс Груп го презема Кјуби Македонија АД

LOGO Winner NEW 2012

Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе ја презеде Кјуби Македонија АД Скопје и се стекна со 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635 отсто од вкупниот број на акции со право на глас, издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје.

Решението со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, дадена од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Република Австрија, го донесе Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на вчерашната седница.

Понудата за откуп, информираат од КХВ, ја прифатиле 384 иматели на вкупно 585.679 обични акции на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија кој продаде 45 обични акции и 80.817 приоритетни акции.

Со тоа е исполнет условот за успешност на понудата, односно да биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 73,51 отсто од обичните акции со право на глас. Австрискиот инвеститор ги откупи хартиите од вредност по цена од 2001,22 денари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП