26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ја чека Британија ако навистина излезе од ЕУ?

Што ја чека Британија ако навистина излезе од ЕУ?

funta 003

Планот на Британија да одржи референдум за членство во ЕУ до крајот на 2017-та година би можело да ги преобликува врските со нејзините главни трговски партнери и да влијае на економијата.

Британија, како членка на ЕУ има пристап до најголемиот трговски блок на светот со околу 500 милиони потрошувачи, се наведува во анализата на агенцијата „Ројтерс“.

Минатата година 48 проценти од извозот на стока од Британија беше за другите 27 членки од ЕУ, што е најнизок процент кој го дели заедно со Грција.

Наспроти тоа, Британија е третиот по големина извозник на услуги кога станува збор за партнертите од ЕУ, веднаш зад Франција и Германија, а во тек се преговори за потенцијално голем договор со САД.

Многу експерти веруваат дека Британија би можела да го задржи пристапот до заедничкиот пазар, дури иако го напушти европскиот блок.

Меѓутоа, американските официјални лица за британската агенција рекоа дека САД не е заинтересиран за случување на договори за слободна трговија со одделни држави.

Прашањето за имиграцијата е главна грижа кај британските гласачи, но премиерот Дејвид Камерон малку може да стори во врска со ова прашање, затоа што слободата на движење е еден од клучните темели на ЕУ.

Неколку истражувања покажаа дека миграните од ЕУ повеќе допринесоа за зголемување на данокот во Британија, а за нив се издвоени од социјалните бенифиции.

Противниците на челнство во ЕУ наведуваат дека Британија би можела да бира кои работници и се најмногу потребни од странство, доколку повеќе не биде дел од европскиот блок.

ЕУ е најголемиот инвестициски партнер на Британија, но некои бизнис лидери наведуваат дека неизвесноста околку членството на Британија во ЕУ може да им наштети на инвестициите во периодот до референдумот.

Консултантската компанија „Капитал економикс“ наведува дека Британија би можела да загуби половина од 20 милијарди фунти (30 милијарди долари) годишен извоз на финансиски услуги во ЕУ, доколку го напушти европскиот блок.

Минатата година, Британија во буџетот на ЕУ уплати 14,5 милијарди евра.

Со нејзиното евентуално излегување, членките на ЕУ ќе мораат да ја надокнадат оваа сума, но главното влијание на „Брексит“ најмногу би се почувствувало во рамнотежата на моќта внатре во блокот.

Британија беше моќен сојузник на слободната трговија и конкурентноста, како Германија, додека јужните членки на ЕУ се наклонети кон протекционизам на европската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП