8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија со нов скок - на 12 место на Дуинг бизнис 2016

Македонија со нов скок – на 12 место на Дуинг бизнис 2016

дододододо

Република Македонија се наоѓа на исклучително високото 12-то место во најновиот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис 2016“, меѓу вкупно 189 држави од светот, што претставува напредок од 18 места.

Македонија во најновиот извештај има 80,18 поени, додека во претходниот извештај имаше 74,1 поени и се наоѓаше на 30 место. Ова е најдобар пласман на глобалната листа земји од Европа и средна Азија.

Македонија во Дуинг бизнис 2016 се наоѓа пред Австралија, Канада и Германија.

Извештајот се однесува на периодот од 1-ви јуни 2014 до 1-ви јуни 2015 година, од Светска банка напоменуваат дека во изработката на најновиот извештај била користена доработена методологија.

Секоја држава е оценета во 10 набљудувани области, при што 100 поени е максимален број поени, а 0 е минимумот.

Македонија е најдобро рангирана во категоријата „стартување бизнис“ каде се наоѓа на второ место со 99,86 поени, а во категоријата „плаќање даноци“ се наоѓа на седмо место со 94,17 поени.

Најнизок ранкинг Македонија има во категоријата „издавање градежни дозволи“, каде се наоѓа на 50-то место со 73,61 поени, додека најмалку поени Македонија има во категоријата „пристап до кредити“ 65.00, со што се наоѓа на 42-то место.

Прв на листата и оваа година е Сингапур со 87,34 поени, пред Нов Зеланд, Данска, Јужна Кореја и Хонгконг, додека на дното се Еритреја, Либија, Јужен Судан и Венецуела.

Од земјите од регионот, Словенија е на 29 место, Хрватска е 40, Црна Гора 46. Србија бележи голем напредок од 32 местаи сега е на 59 место, Грција е 60, Босна и Херцеговина 79, додека Албанија е 97-ма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП