27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски-Ал Касими: Потребно е интензивирање на економските односи меѓу Македонија и ОАЕ

Груевски-Ал Касими: Потребно е интензивирање на економските односи меѓу Македонија и ОАЕ

al kasimi gruevski 33

Паралелно со политичките односи, Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) треба да работат на интензивирање на економските односи.

Ова било договорено во рамки на посетата на ОАЕ на премиерот Никола Груевски, кој денеска престојува во Емиратот Абу Даби каде имаше средба со министерот за меѓународна соработка и развој на ОАЕ, Шеиката Лубна Бинт Калид Ал Касими, која што оваа година е добитник на награда на Клинтоновата глобална иницијатива.

На средбата стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, во делот на можностите за заедничка соработка во изградба на комунална и образовна инфраструктура, како и можностите за соработка во областа на туризмот и земјоделството. За оваа цел беше договорено нашите институции да преземат чекори за воспоставување на комуникација и односи со Фондот за развој на Емиратот Абу Даби, со кој што субјект би се разгледувале проекти од наведените области и би се детализирале можностите за соработка.

Соговорниците разговараа за предизвиците произлезени од мигрантската криза и за можностите за нивно менаџирање и надминување, при што беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е координирано и заедничко дејствување на меѓународната заедница.

Двете страни разговараа и за други теми од билатерален и мултилатерален карактер.

Министерството за меѓународна соработка и развој на ОАЕ е координатор на развојните проекти кои се поддржуваат со финансиските средства од страна на ОАЕ, во вредност од повеќе милијарди американски долари на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП