26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку вреди слободата на играчите

Колку вреди слободата на играчите

igraci

Познато е дека пазарот ја одредува цената и дека играчот вреди онолку колку што некој е подготвен да плати за него, но интересно е да се види листата на најскапите фудбалери во светот кога се во прашање откупните клаузули.

Кога оваа стапка е во прашање ретко кој си дозволува да се „изгори“ и во договорот да додаде мала откупна клаузула, односно реална сума. Барса во минатото се „изгоре“ со Луис Фиго, Перез едноставно ја плати сумата од договорот и Каталонците не беа прашани за ништо повеќе.

Секако, Флорентино Перез се научи од грешките на другите, кога Роналдо пристигна од Манчестер Јунајтед неговата слобода е проценета на милијарда евра. Тоа до денес е најголемата клаузула во историјата на фудбалот.

Зад Ронадло се наоѓа Лионел Меси, а според последниот договор кој го потпиша за Барселона предвидени се 300 милиони евра за слободата на Аргентинецот. Се збори дека од Сити би го платиле тоа, меѓутоа и на нив им е јасно дека Меси не би сакал да ја напушти Каталонија, нормално доколку клубот не му каже дека не им е потребен, што никогаш нема да се случи.

На третото место се наоѓаат дури четворица играчи со клаузула од 200 милиони евра. Оваа откупна цена ја имаат Месут Озил од Реал Мадрид и тројца играчи на Барселона, Чави, Иниеста и Цеск Фабрегас.

Следи Пујол со 180 милиони, но и тој никогаш не би си заминал од „Ноу Камп“, а зад него следат напаѓачите од кои некои веќе во јуни ќе ја сменат средината.

Радамел Фалкао има цена од 71 милион евра, Нејмар е деветти со 65 милиони, а листата од ТОП-10 ја затвора Кавани. Уругваецот заработува помалку од 3 милиони евра годишно, а претседателот на Наполи го процени на 64 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП