1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп започнува со чествување на 11-ти Октомври, Денот на народното востание

Прилеп започнува со чествување на 11-ти Октомври, Денот на народното востание

praznik oktomvri

Во Прилеп во сабота започнуваат чествувањата за одбележување на 74-тата годишнина од почеток на народното востание и организираниот отпор на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласи дека програмата за одбележување е богата и достојна на празникот. Образложувајќи ја програмата, Ристески напомена дека учениците од прилепските училишта во сабота напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во чест на празникот ќе изведат перформанс и ќе го формираат македонското знаме, а во 18.30 часот во градската библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи изложба на грамофонски плочи.

Вечерва пак ќе започне јубилејното 15-то издание на детскиот фестивал „Ѕвездички“ кој преставува културен и музички бренд на Прилеп и Македонија.

„Прилеп се гордее со празникот „11 октомври“ и со фактот дека оттука почнала народната револуција, а градот дал голем број жртви и херои.  По повод 74 годишнината од 11 октомври, три дена има голем број настани. Денеска во 10.30 часот ќе  биде означен почетокот на градежните работи на улицата „11 Октомври“. Ќе се работи од кружниот тек пред О.У. ,,Г.Делчев“ па се до мостот „Табана“. Станува збор за зафати кои ќе овозможат 4 ленти на улицата, зелен појас на средината, велосипедски патеки и модерно осветлување“, објасни Ристески.

Според него, во недела, пак на празникот ќе им биде оддадена достојна почит на дејците, борците, народните херои и жртвите што Прилеп ги дал во народноослободителната војна.

„Во четиригодишната народна револуција Прилеп дал 15 народни херои и околу 650 жртви чии мошти се на Могилата на непобедените во паркот на Револуцијата. По повод празникот свежи цвеќиња ќе бидат положени на Могилата на неподените, во Алејата на народните херои што се во комплексот „Парк на Револуцијата“, а почит ќе им биде оддадена и на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски-Питу и на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто пред нивните споменици во центарот на градот“, изјави прилепскиот градоначалник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП