3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХорн: Жал ми е, навистина ми е жал!

Хорн: Жал ми е, навистина ми е жал!

Majkl-Horn

Шефот на „Фолксваген“ во САД, Мајкл Хорн, упати „искрено извинување“ за време на испитувањето во американскиот Конгрес по повод скандалот во врска со софтверската манипулација за нивото на издувни гасови.

Сепак, Хорн истакна дека употребата на спорниот софтвер, со чија помош „Фолксваген“ мамеше на официјалните тестови, не го одобрил бордот на директори во компанијата, туку поединци.

„Како што дознав, неколку софтверски инженери го имаат поставено“, неубедлив беше Хорн, кој додаде дека поради овој скандал три лица се отпуштени.

Мајкл Хорн даде изјава пред членовите на Одборот за енергија и трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП