Цените на горивата остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.