5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСудар на два камиони и автомобил го прекина сообраќајот во тунелот Катланово

Судар на два камиони и автомобил го прекина сообраќајот во тунелот Катланово

tunel katlanovo 200

Поради сообраќајна незгода во тунелот Катланово на патниот правец Велес – Скопје, сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 13.50 часот, соопштија од АМСМ.

Во моментов се врши увид на лице место, со цел нормализирање на сообраќајот.

Според информации од полицијата, незгодата се случила во 13.50 часот, во тунелот кај Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, меѓу две товарни моторни возила и еден автомобил.

Има информации за едно повредено лице, но нема детали каде е пренесено за укажување на лекарска помош.

Неофицијално, еден од камионите е заглавен и затоа сообраќајот е во прекин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП