4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот iPhone на Apple има камера од 12 МР (фото+видео)

Новиот iPhone на Apple има камера од 12 МР (фото+видео)

a setica

„Apple“ ја претстави новата генерација на својот смартфон. Моделите „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“ ја следат традицијата на компанијата, „Ѕ“ верзиите да се еволутивни, но овој пат ќе понудат повеќе од нов процесор. Исклучок е вградената камера која е од 12 МР и за прв пат се менува од 2011-та година.

Чисто визуелно новите два смартфони не се разликуваат од своите претходници. Екраните се исти, но покриени со ново цврсто стакло. На него има и слој кој овозможува воведување на новата технологија „3D Touch“ која според „Apple“ е додатокот на „мултитач“ технологијата. Со неа може да се активираат дополнителни функции, на пример преку притисок врз линк во порака, може да се прикажува преглед на содржината на линкот, без да се отвораат одделни апликации.

a setica2

Меѓу новитетите е и камерата. Таа е со 12 МР со можност за снимање на 4К видео. Блицот е ист. Компанијата ја воведува и новта функција „Live Photos“. При допир на сликата, може елементи од неа да се движат, на пример водата. Таква функција има во телефоните на „Samsung“ веќе подолго време и обединува неколку слики во една. Сликата може да се става и како позадина на телефонот. Слични „живи“ позадини има во „Android“ веќе подолго време.

a setica3

Камерата на предната страна е со 5 MP, исто обновена. Големиот екран ќе може да се користи како блиц за „селфи“ фотографии. „Apple“ го нарекува „ретина блиц“. Тој е управуван од посебен чип во телефонот кој е само за тоа, се со цел да се обезбедат добри слики.

„Apple“ ја пушти и апликацијата „Move to iOS“ што им олеснува на корисниците на „Android“, кои минуваат на „iPhone“. Оваа апликација е одговор на еквивалентните примени во „Android“ и „Windows“.

Новите „iPhone“ уреди ја имаат и втората генерација на сензорите за отпечатоци. Таа е два пати побрзо од досегашната и исто толку попрецизна, велат од „Apple“.

a setica4

Компанијата не ја коментираше батеријата. Веројатно таа ќе е слична со „iPhone 6“. Цените исто така се задржуваат исти како за „iPhone 6“ од минатата година, а веќе стариот модел ќе биде поевтин. „Apple“ ќе продолжи да го нуди и „iPhone 5s“ како основен модел.

a setica1

Продажбата на „iPhone 6s“ ќе започне на 25-ти септември, а до крајот на годината ќе биде достапен во повеќе од 100 држави.

a setica5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП