27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов во работна посета на Полска, ќе присуствува на 25-тиот Економски форум

Иванов во работна посета на Полска, ќе присуствува на 25-тиот Економски форум

go

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Полска, по повод учеството на 25-тиот Економски форум, што ќе се одржи во Круница – Здруј.

Во рамки на форумот, Иванов ќе се обрати на сесијата насловена како „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“, и на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината – Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“.  Во фокусот на годинешниот форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и  иновациите.

За време на посетата предвидено е Иванов да оствари средба со претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Економскиот форум кој оваа година се одржува по 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа.

Во македонската делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор, Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП