5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ со помош за Франција и Британија во справувањето со мигрантската криза

ЕУ со помош за Франција и Британија во справувањето со мигрантската криза

migranti 4393

Европската комисија (ЕК) им понудила помош на Франција и Британија во решавањето на кризата со мигрантите, кои настојуваат илегално да влезат во Британија преку Евротунелот.

Од ЕК соопштиле дека на Франција ќе и го испратат првиот дел од финансиската помош во вредност од 20 милиони евра, помалку од еден ден по новиот обид на околу 600 мигранти да влезат во тунелот, јавува AFP.

Британија пак веќе добила помош од 27 милиони евра. За време на минатиот месец мигрантите во Кале се обидоа да го искористат штрајкот на француските пристанишни работници за да стигнат до Британија.

Многумина се обидуваат да влезат во Британија поради тоа што говорат англиски, имаат семејни врски таму или пак сметаат дека имаат подобра шанса за да најдат работа.

Франција и Британија во четвртокот постигнаа договор за да ги зголемат напорите во обезбедувањето на пристаништето и тунелот под Ламанш, во обид да ја сопрат илегалната миграција.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос изјави дека наведените суми на помош за Франција и Британија се дел од вкупниот износ од 266 милиони наменети за Франција и повеќе од 370 милиони за Британија, во периодот од 2014-та до 2020-та година.

ЕК на двете држави им понуди и техничка помош, вклучувајќи помош во процесот на барањето на азил преку својата агенција Фронтекс, која би можела да помогне во идентификацијата и регистрацијата на мигрантите, во соработка со земјите од каде што потекнуваат мигрантите и низ кои транзитираат, како би се забрзала постапката на издавање на патни исправи за нивно враќање и заеднички би се финансирало тоа враќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП