2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе укинува плаќањето придонеси за хонорарците

Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците

plakanje-denari

Плаќањето на придонеси за договорите на дело и авторските договори, како и за сличниот тип на договори, кое беше воведено на почетокот на годината, се укинува од 1 август, одлучи владата на седницата во вторникот вечерта.

Според министерот за финанси Зоран Ставрески, укинувањето на плаќањето на придонесите на хонорарците се прави од причина што со други мерки кои ги донесе Владата на Република Македонија се исцрпеле ефектите кои што беше предвидено да се постигнат.

„Во последните три месеца беше реализиран проектот ‘Македонија вработува’, каде што имаме мерка којашто овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето придонеси на лица коишто ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4.000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со статус редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување“, рече Ставрески.

Другиот закон којшто, според минситерот, реши добар дел од проблемот на лицата кои порано биле ангажирани на договор на дело и авторски договори е од сегментот на трансформација на работниот однос во рамките на јавниот сектор. Со тоа лицата коишто долги години биле ангажирани на договори на дело и слични типови договори, работниот однос им се трансформираше во редовен работен однос.

Ставрески потсети дека измените во законот коишто беа претходно направени биле во функција на овозможување на лицата кои се на договори на дело, авторски договори и други слични типови договори, да може да уплаќаат придонеси со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на здравствените услуги, како и со уплатата на придонесите да имаат можност да користат пензија и да им се зголеми нивото на пензијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП