6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривршува изградбата на патот Велес - Кадрифаково

Привршува изградбата на патот Велес – Кадрифаково

veles-kadrifakovo

Почна втората фаза од изградбата на експресниот пат Велес- Кадрифаково, каде се асфалтираат преостанатите четири километри со првиот слој асфалт кој треба да биде комплетно готов до септември годинава.

Во втората фаза се реконструираат вкупно 8,9 километри од оваа делница, инвестиција што државата ќе ја чини 6,4 милиони евра, а во обиколка на градежните работи, во петок, беше и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во придружба на градоначалниците на општините од регионот и директорот на претпријатието за државни патишта.

Министерот е задоволен од динамиката на реконструкцијата на патот и очекува тој комплетно да биде готов до првата половина од следната година.

„Со новиот пат ќе се раздвижи овој регион и сите граѓани ќе имаат голема придобивка. Ќе се скрати времетраењето на самото движење на возилата и ќе добиеме една модерна делница“, рече Мисајловски.

„Патот не само што ќе биде модерен туку ќе биде и безбеден. На овој пат имаше многу црни точки, имавме многу сообраќајни незгоди, во минатите години многу луѓе ги загубија животите на овој пат. И патувањето од Велес- Штип ќе се скрати некаде од 15 до 20 минути“, рече градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

„Со овој пат се добива и поголема заинтересираност на странските инвеститори за овој дел од оваа индустриска зона. Со изградбата на овој и другите патишта раскрсницата Велес си го добива своето значење“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Инаку во првата фаза од изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково се реконструираа 6,3 километри. Инвестицијата чини 1,3 милиони евра. Вкупната должина на патот, кој ќе биде со три ленти, изнесува 26 километри, а државата за неговата реконструкција зеде заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 15 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП