27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената нафтата под притисок на очекуваните испораки на иранска нафта

Цената нафтата под притисок на очекуваните испораки на иранска нафта

nafta bareli2

Цената на нафтата денеска дополнително ослабна на светските берзи додека инвеститорите настојуваа да ги проценат ефектите од изгледното зголемување на извозот на нафта во услови на преобемно снабдување на пазарот.

Барел нафта на лондонската берза во однос на претходното затворање поевтини за 30 центи, на 58,21 долар. Во слична загуба беше и цената на американската берза, каде се тргува по 52,75 долари.

Берзанските учесници ги анализираат можните последици од клучниот нуклеарен договор на шесте светски сили и Иран, со кој се овозможува укинување на санкциите.

Аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека Иран би можел во наредната година да испорача дополнителни 200 до 400 барели нафта, покрај испораките од 20-40 милиони барели складирани на танкерите. Тоа би значело значително зголемување на испораките од Иран, кој спаѓа меѓу државите со најголеми нафтени резерви на светот.

Прогнозите на останатите аналитичари поврзани со испораките се движат во распон од 300.000 до 700.000 барели дневно.

„На мислење сме дека изгледите за зголемено производство на OPEC, вклучително и иранското, претставуваат се поголем ризик за снижување на нашите прогнозите за цената“, истакнуваат аналитичарите на Goldman Sachs.

Трговците будни ја следат состојбата во Кина, во контекст на остриот пад на цените на акциите кои владата во Пекинг со сопре со итни мерки. Во фокусот денеска беа објавените податоци за раст на кинеската економија во вториот квартал од седум отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП