27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот за иранската нукеларна програма ја спушти цената на нафтата

Договорот за иранската нукеларна програма ја спушти цената на нафтата

nafta3020

Цената на нафтата во вторникот падна на светските берзи откако Иран и шестте светски сили постигнаа договор за иранската нуклеарна програма, која ќе овозможи ублажување на санкциите на Техеран и постепено зголемување на иранскиот извоз.

На лондонската берза цената на барел нафта околу пладне падна 1,15 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,70 долари, а на американската берза се тргува по 1,05 долари пониска цена, од 51,15 долари.

Иран и западните сили синоќа постигнаа рамковен договор за спорната иранска нукеларна програма која вклучува ограничување на програмата, а за возврат укинување на санкциите.

Поради санкциите иранскиот извоз речиси е преполовен, на нешто над милион барели дневно. Детали за договорот поврзан за ублажување на санкциите во сегментот на тргување со нафтата засега не се познати.

Аналитичарите проценуваат дека по ублажувањето на санкциите на Техеран ќе му треба повеќе месеци.

„И покрај историскиот договор иранската нафта нема веднаш да се врати на пазарот, не до следната година, најверојатно во втората половина на 2016 година“, проценува Амрита Сен од лондонската советодавна компанија Energy Aspects.

„Санцкиите го осакатија иранското производство, преполовувајќи го извозот на нафта и зналително ограничувајќи ги новите развојни проекти“, потврдува лондонскиот адвокат специјализиран за санкции Сарош Заивала.

Некои аналитичари предупредуваат дека-со оглед на вишокот понуда во однос на побарувачката од 2,5 милиони барели дневно-дури и скромното зголемување на иранскиот извоз во почетна фаза ќе биде доволен да ги спушти цените на нафтата.

„Со оглед на прекумерната понуда поврзана со рекордното производство на Саудиска Арабија, шансата за дополнително зголемување на понудата сама по себе неповолно ќе влијае врз расположението“, толкува Сен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП