28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна, се очекува решавање на спорот околу Иран

Цената на нафтата падна, се очекува решавање на спорот околу Иран

nafta 94

Цената на нафтата остро падна во понеделникот на светските берзи во очекување на скоро решавање на спорот околу иранската нуклеарна програма, што би значело укинување на санкциите за Иран и би отворило пат за враќање на иранската нафта на берзите.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне падна 1,43 долари во однос на претходното затворање, на 57,30 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 1,15 долари пониска цена, од 51,59 долари.

Побарувачката во наредната година би требало да порасне за 1,34 милијарди барели дневно, во однос на овогодишните 1,28 милиони барели дневно, проценува OPEC.

Иран и шесте светски сили наводно наскоро би можеле да постигнат договор со кој би се решил спорот околу иранската нуклеарна програма, а со тоа би се постигнале услови за укинување на санкциите на Техеран.

Високо рангиран ирански преговарач рече дека договорот ќе биде склучен, предуредувајќи дека сепак ги чека уште работа и дека не може да вети дека разговорите ќе завршат во понеделник или вторник.

„Не можам да ветам дека преостанатите отворени прашања можат да бидат решени вечер или утре вечер“, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи за иранската агенција Тасним.

Тоа би значело дека иранската нафта дополнително ќе го заостри проблемот со прекумерно снабдување на светските берзи, и тоа во услови на блага побарувачка.

Иако аналитичарите напоменуваат дека иранскиот извоз нема да биде целосно обновен до наредната година, повеќето проценуваат дека во краток рок би можел да се зголеми за околу 200 илјади барели дневно.

Во меѓувреме OPEC во редовниот месечен извештај објавен во понеделникот процени дека нафтениот пазар во наредната година би требало да биде подобро избалансиран со оглед на зголемената потрошувачка во Кина и државите во развој и побавниот раст на американското производство од шкрилци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП