26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: На референдумот гласајте против мерките за штедење бидејќи така ќе бидеме...

Ципрас: На референдумот гласајте против мерките за штедење бидејќи така ќе бидеме посилни во преговорите

ccipprrasss

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во среда во вонредното обраќање до нацијата порача дека референдумот за предложените мерки за штедење сепак ќе се одржи.

„На референдумот нема да гласаме за излез од еврозоната. И натаму сме на преговарачка маса“, вели Ципрас, при тоа додавајќи дека „европските кредитори на маса веднаш ставиле подобра понуда штом референдумот беше најавен“.

Грчкиот премиер порача дека ги очекува заклучоците од денешниот состанок на еврогрупата – група што ја сочинуваат министрите за финансии на еврозоната.

„Доколку од нив стигне позитивна порака, веднаш ќе започнеме со склучување на договорот“, тврди Ципрас, но во својот говор не изложи детали од новиот план на реформи што го предложи до ’тројката’, а кој денеска се појави во некои европски медиуми.

Но, Ципрас исто така ги повика своите сограѓани на референдумот да гласаат против предложените мерки за штедење. Објасни дека „референдумот е посилен од одлуката на владата“ и со тоа му дава посилна позиција на преговарачката маса.

„Гласот ’против’ не е глас за напуштање на Европа, туку за враќање кон европските вредности, за договор што ќе биде социјално праведен и ќе ги казни оние што ја промовираат корупцијата“, рече Ципрас, при тоа додавајќи дека за неговата посветеност на Европа сведочи и фактот дека пред една година се кандидираше за претседател на Европската комисија(ЕК).

„Никогаш не очекував дека демократска Европа нема да ни даде доволно време и простор да го организираме референдумот. Срамно е да ги гледаме овие непријатни сцени затоа што ни ги затворија банките токму затоа што сакавме на луѓето да им го обезбедиме правото да гласаат“, рече Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП