26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите од денес можат да се вработуваат во 22 земји во ЕУ

Хрватите од денес можат да се вработуваат во 22 земји во ЕУ

Croatia EU accession

Хрватските граѓани од денес можат да се вработуваат во 22 земји членки на ЕУ без никакви ограничувања, додека пет земји одлучно го продолжија ограничувањето на уште три години, изјави европската комисија.

Европската комисија ги уважи службените барања од Австрија, Холандија, Велика Британија, Словенија и Малта да ги задржат ограничувањата за вработување на хрватските работници уште три години, пренесуваат хрватските медиуми.

Ова ограничување не значи дека хрватските работници воопшто не можат да работат во тие земји, туку дека за вработување им е потребна работна дозвола.

Од 13 земји членки, кои во првите две години од хрватското членство во ЕУ воведоа ограничување, осум не испратиле никакво барање до Европската комисија, што автоматски значи дека го отвораат својот пазар за труд и за хрватските работници, а тоа се Белгија, Кипар, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург и Шпанија.

За Хрватска како нова членка на Унијата важи преодната одредба која им дозволува на останатите земји членки привремено да го ограничат пристапот на својот пазар за труд на две, пет или најмногу седум години.

Слободното движење на работниците е една од четирите слободи во кои уживаат граѓаните на ЕУ, а таа вклучува право на работниците за движење и престојување, право за членовите на нивното семејство на влез и престојување, право на работа во друга држава членка и право кон нив да се однесуваат исто како и кон останатите државјани на таа држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП