2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција нема да ја плати ратата од долгот кон ММФ

Грција нема да ја плати ратата од долгот кон ММФ

atinatrojka

Грција нема да ја плати ратата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 1,6 милијарди евра, а која доспева во вторник, официјално потврди Пјер Московици, европски комесар за економски и финансиски работи за француската станица RTL.

Исто така, извесно е дека за Грција нема да биде продолжен рокот за плаќање на долгот.

Московици уште во понеделник наутро беше убеден дека сè уште има ’простор за преговори’ меѓу Грција и нејзините доверители и најави нови предлози на Брисел.

Во понеделник вечер грчките граѓани почнаа да се собираат пред парламентот. Обединети пеат „Не на Тројката!“. Се проценува дека во моментот таму се наоѓаат околу 10 илјади луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП