4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК не е задоволна од новите грчки предлози

ЕК не е задоволна од новите грчки предлози

Image (66)

Европската комисија објави во средата дека не е задоволна со новите грчки предлози предадени во вторникот претпладнето, коишто на Грција треба да ѝ овозможат продолжување на меѓународното финансирање за да го избегне банкротот и евентуалното напуштање на еврозоната.

Европскиот комесар за економски и финансиски работи Пјер Московиси им кажал во вторникот попладнето на грчките претставници дека нивните „последни предлози не го одразуваат разговорот меѓу претседателот на Еврогрупата, Жан-Клод Јункер и грчкиот премиер Алексис Ципрас“ одржан минатата седмица во Брисел, изјави Маргаритис Шинас, портпарол на Европската комисија, пренесува AFP.

Грчкиот противпредлог, додаде, не оди ниту во насоката на „разговорите коишто во понеделникот ги имаа Московиси и грчките претставници“, меѓу кои и водачот на политичките преговори Евклид Цакалотос. „Продолжува да се работи на техничко ниво за да се направи обид да се помират разликите меѓу различните ставови и да се создадат услови за едногласен договор на 19-те држави членки еврозоната“, изјави Шинас.

Ципрас и Јункер минатата седмица не можеа да постигнат договор за реформите на грчкиот пензиски систем и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за струјата.

Од договорот зависи исплатата на последната транша од постојната програма за меѓународна финансиска помош во износ од 7,2 милијарди евра која е блокирана подолго од една година. Доверителите, меѓутоа, велат дека тоа нема да биде можно доколку програмата за помош, којашто истекува на 30-ти јуни, повторно не биде формално продолжена.

Ципрас во средата во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Грчкиот премиер на маргините од самитот ЕУ – Латинска Америка во Брисел требаше да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, но средбата е одложена. „Во оваа фаза не е планирана никаква средба, ќе видиме што ќе се случи“, изјавил француски извор за Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП