5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК спонзор на 9. Светски коморски конгрес во Торино

ССК спонзор на 9. Светски коморски конгрес во Торино

torino

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално и годинава заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ) од денес до 12 јуни ќе бидат дел од 9. Светски Коморски Конгрес во Торино, Италија.

На конгресот, присуствува г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК, г-ѓа Невенка Стаменковска, раководител на сектор за услуги на инвеститори во Агенцијата, претседатели на гранските комори на ССК, како и бизнис делегација на компании членови на комората.

Како спонозори на Светскиот Коморски Конгрес во Торино, Италија се заложуваме за успешна промоција како на нашата земја, така и на компаниите кои на овој начин имаат дополнителна можност за поголема презентација. Исто така, веќе се договорени и состаноци за бизнис поврзување и остварување на потенцијални бизнис партнерства со претставници на најголемите компании на глобално ниво“, изјави Арсовска.

Светскиот Коморски Конгрес претставува единствено глобално место за средба на коморите, организиран од страна на на ICC World Chambers Federation, на кој ќе присуствуваат претставници од 120 земји од целиот свет, 1600 претставници на стопански комори, а ќе се обратат и над 100 говорници лидери во своите области. Конгресот се одржува секои две години во различни региони од светот.

Традиционално Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и годинава го поддржува Светскиот Коморски Конгрес, каде на едно место се собрани најголемите брендови од целиот свет и претставува одлична можност за промоција на инвестициските потенцијали на Република Македонија. Во текот на денот предвидено е да оствариме состаноци со претседателите на коморите од Канада, Велика Британија и Ирска, од каде имаше голем интерес за нашата земја“, изјави Стаменковска

torino

Светскиот коморски конгрес е единствениот меѓународен форум за здржување на коморите и бизнис – лидерите и претставува одлична можност за споделување на практични искуства, размена на идеи, интернационално проширување на бизнисот, воспоставување на нови контакти со коморите низ целиот свет.

ССК и Агенцијата беа дел и од  8. Светски Коморски Конгрес во Доха, Катар, додека 10. Светски Коморски Конгрес, предвидено е да се одржи во Сиднеј, Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП