5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон, Бангкок и Париз најпосетени

Лондон, Бангкок и Париз најпосетени

london-sxc-hu-jpg_660x330

Лондон во 2015 година, според очекуваниот број на туристи, повторно ќе биде најпосетен град во светот, пред Бангкок и Париз, покажува најновата класификација на MasterCard.

Според студијата на мултинационалниот финансиски сервис „MasterCard“, која опфаќа 132 земји, Лондон повторно очекува најмногу туристи, 18,82 милиони, пред Бангкок кој ќе пречека 18,24 милиони посетители.

Во Париз оваа година се очекуваат повеќе од 15 милиони посетители (туристи и деловни луѓе), што е за 3,0 проценти повеќе отколку во 2014 година, пренесува АФП.

Така францускиот главен град, според очекуваниот број на туристи и оваа година ја зазема втората позиција во Европа и третата во светот, пред Дубаи кој ќе пречека 14,26 милиони туристи во 2015 година, а кој бележи најбрз раст меѓу топ 10 најголемите туристички градови во светот, наведуваат од „MasterCard“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП