26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазликите меѓу богатите и сиромашните најголеми во 30 години

Разликите меѓу богатите и сиромашните најголеми во 30 години

neednakvost

Нееднаквоста достигнала рекордни нивоа во повеќето држави од ОЕЦД, а во многу други економии во развој е уште поголема, покажува извештајот на ОЕЦД, објавен во четвртокот, во кој особено се предупредува на разликите што постојат меѓу мажите и жените.

„Ја достигнавме критичната точка. Нееднаквоста во државите на ОЕЦД, никогаш не биле толку изразени откако ги мериме“, изјави генералниот секретар на организацијата Хозе Анхел Гуриа, претставувајќи го извештајот во Париз заедно со европската комесарка за вработување Мариане Тисен.

Во државите на ОЕЦД, вкупно 34, 10 отсто од најбогатите имаат приход 9,6 пати поголем од 10-те отсто најсиромашни, додека во 1980-те тој сразмер изнесувал 7,1 а во 2000-те – 9,1 пати, според извештајот.

„Нерешавајќи го проблемот на невработеноста, владите ги слабеат своите општества и долгорочно го поткопуваат економскиот раст“, се предупредува во извештајот. Се проценува дека зголемувањето на нееднаквоста во периодот од 1985 до 2005 година, во 19 држави од ОЕЦД, го намалило економскиот раст за 4,7-процентни бодови во периодот меѓу 1990 и 2010 година.

За да се намали нееднаквоста и да се поттикне економскиот раст, од ОЕЦД препорачуваат поттикнување на рамноправноста меѓу мажите и жените при вработувањето, поголем број стабилни работни места и поттикнување на вложувањата во образованието и дошколувањето во телот на целиот работен век.

Во периодот меѓу 1995 и 2013 година повеќе од половината нови работни места во државите на ОЕЦД биле привремени, на договор за дело на недоредено време или како слободни занимања. Повеќе од половината привремени вработени биле лица помлади од 30 години.

Кога станува збор за жените, нивните шанси да добијат подобро платени работни места се за 16 отсто помали во однос на мажите, а нивните плати се помали за 15 отсто.

Нееднаквостите во државите на ОЕЦД се најизразени во Чиле, Мексико, Турција, САД и Израел, а најмалку во Данска, Словенија, Словачка и во Германија. Уште посилно се изразени во големите економии во формирање, но во некои како Бразил, на пример се намалиле, се истакнува натаму во извештајот.

Нееднаквостите би можеле да се намалат, меѓу другото, и со прераспределба на парите преку даноците, се наведува во извештајот ОЕЦД, истакнувајќи дека јавните политики мора да гарантираат дека најбогатите и мултинационалните компании да плаќаат свој дел од даноците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП