27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин одговара на прашањата на Русите (во живо)

Путин одговара на прашањата на Русите (во живо)

putin-line-memorable-moments.si

Бројот на прашања и обраќања на руските граѓани упатени за традиционалната годишна „Директна линија со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин“, надмина два милиона, соопшти телевизијата Россия-24.

Рускиот претседател денес го одржува традиционалниот годишен дијалог со Русите на ткн „директна/жешка линија“. Прашањата за Путин започнаа во Кремљ да ги примаат од 9-ти април и до средата попладнето, како што објави портпаролот Дмитриј Песков, пристигнале 1,7 милиони прашања од граѓаните.

Телевизија Россия-24, пак, пред почетокот на директното емитување на одговорите на Путин објави дека до 8 часот денес по московско време биле поставени повеќе од 2,2 милиони прашања за рускиот челник.

putin11

На 10-ти април Песков објави дека секоја минута отворената телефонска линија прима 3.135 повици со прашања за претседателот Владимир Путин, и според него тоа претставува осум пати повеќе отколку минатата 2014 година. Прашањата пристигнуваат, покрај телефонски, и преку ММС и СМС пораки, како и преку видео повици.

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов го одржува својот традиционален дијалог со руските граѓани во рамките на ткн „директна линија“, што е директно емитувано на три телевизиски канали и три радио станици.

putin13

Традиционалните телевизиски „директни линии“ започнаа во времето на првиот претседателски мандат и првата се одржа на 24-ти декември 2001 година, што беше емитувано на два телевизиски канала и на две радио станици, и тогаш биле примени 400 илјади прашања. Рекордно траење „линијата“ имаше во 2013 година, кога траеше 4 часа и 47 минути.

Последната се одржа на 17-ти април 2014 година, една седмица по започнувањето на воениот конфликт во русофонскиот исток на соседна Украина, и еден месец откако црноморскиот полуостров Крим со референдум се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија. Таа траеше 3 часа и 5 минути во кои Путин одговори на 81 прашање, од кои 35 беа посветени на Крим и ситуацијата во Украина.

putin-live-conference1.si

Како што појаснуваат од Кремљ, претседателот претходно не може да знае какви прашања ќе бидат поставувани, но оти Путин обично ги одбира оние кои најмногу ги интересираат руските граѓани но и меѓународната јавност. Потоа бара од министерствата исцрпни информации кои ќе се употребат како одговори на прашањата, а се составува и листа на одговори кои се испраќаат.

„Ова на шефот на државата му овозможува да го опипа пулсот на нацијата – се јасно се гледа со голо око“, нагласи Песков за проблемите кои руските граѓани ги делат со претседателот.

Следете во живо:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП