27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна, преговорите со Иран продолжија и по истекот на...

Цената на нафтата стабилна, преговорите со Иран продолжија и по истекот на рокот

nafta 300

Цената на нафтата се задржа денеска на светските берзи околу ниво од 55 долари поради шпекулациите дека Иран и западните сили по истекот на зацртаниот рок би можеле да постигнат договор за контроверзната нуклеарна програма на Техеран, што би отворило пат за зголемен извоз на иранска нафта.

На лондонската берза цената на барелот остана непроменета во однос на претходното затворање, на 55,08 долари. На американската берза со барелот се тргува во 39 центи пониска цена, од 47, 21 долари.

Преговорите на Иран и шесте светски сили за решавање на спорот околу нуклеарната програма на Техеран продолжија во Лозана и по истекот на зацртаниот рок. Преговарачот на иранската делегација Абас Аракчи соопшти дека Иран се надева дека преговорите би можеле да завршат до среда навечер. Тој нагласи дека Техеран инсистира на моментно укинување на финансиските, банкарските и нафтените санкции додека останатите би биле условени со рамковен договор.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус беше повнимателен, оценувајќи дека напредокот не е доволен за да биде заклучен договор во краток рок.

„Доколку биде постигнат договор, иранската нафта би можела да се слее на и без тоа прекумерно снабдениот пазар, што дополнително би ја притиснало цената на нафтата“, толкува Мајкл Хјусон од CMC Markets.

Иран моментно произведува околу 2,8 милиони барели дневно покажува истражувањето на Reuters, но со санкците иранскиот извоз е ограничен на милион барели дневно. Околу 30 милиони барели Техеран има складирано на супертанкери, подготвени за продажба веднаш штом биде дадена дозвола.

Во меѓувреме зголемено е снабдувањето на OPEC за 560 илјади барели дневно, благодарени на закрепнувањето на ирачкиот извоз по лошите временски прилики и рекордното производство во Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП