28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна на 55 долари, преговорите со Иран во завршна...

Цената на нафтата падна на 55 долари, преговорите со Иран во завршна фаза

nafta-dolar

Цената на нафтата падна во вторникот на светските берзи, со оглед дека Иран и шесте светски сили влегуваат во последен ден од преговорите за спорната нуклеарна програма на Техеран, при што договор би резултирал со укинување на санкциите и зголемување на иранскиот извоз.

На лондонската берза цената на барелот се намали за 1,25 долари во однос на претходното затворање, на 55,04 долари. На американската берза се тргува по 92 центи пониска цена, од 47,79 долари.

На полноќ истекува договорот за иранската нукеларна програма. САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина забрзано работат на создавање на услови за рамковен договор на преговорите во Швајцарија.

Несогласувањета се фокусирани на истражување за збогатениот уранум и на темпото за укинување на санкциите. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека изгледите за успех на преговорите се добри.

Инвеститорите оценуваат дека преговорите во Лозана би можеле да го зголемат присуството на иранска нафта на ионака прекумерно снабдениот пазар, со оглед на процутот на американското производство од шкрилци.

„Доколку биде отворена браната за иранска нафта, цените веројатно повторно ќе ги тестираат најниските нивоа во оваа година“, проценува Даниел Анг од сингапурски Phillip Futures.

Доколку санкциите бидат укинати, Иран би можел да го зголеми производството на нафта за околу 500.000 барели дневно во рок од шест месеци, како и за дополнително 700.000 барели дневно во рок од една година, проценуваат од Facts Global Energy.

Запаните санкции го ограничија иранскиот извоз на сирова нафта на околу еден милион барели дневно, а според упатени изворите, Иран на бродските супертанкери има складирано најмалку 30 милиони барели.

Дополнителен товар на цените беше и зголемениот курс на доларот.  OPEC на своите интернет страници објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во понедленикот изнесуваше 51,45 долари, што значи дека потона 1,48 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП