26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата повторно под притисок на почетокот на неделата

Цените на нафтата повторно под притисок на почетокот на неделата

nafta 35

Цената на нафтата повторно падна во понеделникот на светските берзи, притисната од проценките дека Иран и шесте светски сили би можеле да постигнат договор за спорната нуклеарна програма, што би резултирало со укинување на санкциите и зголемен ирански извоз на нафта.

На лондонската берза цената на барелот падна 40 центи во однос на претходното затворање, на 56,01 долари. На американската берза со барелот се тргува по 80 центи пониска цена од 48,07 долари.

Пред крајот на тргувањето во петокот цената на нафтата нагло потона, за 2,78 долари во Лондон, односно за 2,56 долари во САД со оглед дека стивнаа стравувањата дека вооружената интервенција на Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Јемен можеше да го наруши снабдувањето со Блискиот исток.

На почетокот на оваа недела фокусот се пренасочи на преговорите на Иран и на западните сили за спорната нуклеарна програма. Преговарачите имаат рок до крајот на вторник во Лозана да постигнат договор за спорната програма, при што упатени извори говорат за напредок, а многу инвеститорите веќе го вкалкулираа договорот.

„Кога станува збор за Иран, можни се два исхода: рамковен договор или продолжување на рокот“, рече Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.

„Натамошниот притисок на цените не може да се појави во било кој момент од преговорите за нуклеарната програма со Иран. Доколку биде постигнат рамковен договор, цените на нафтата веднаш ќе се најдат под притисок и многу брзо би можеле да паднат за пет долари“, појаснува Мајкл Витнер од Societe Generale.

Договорот со себе би повлекол укинување на санкциите, со што би се зголемил иранскиот извоз и тоа во контекст на прекумерна понуда, која според последните податоци надминува за околу 1,5 милиони барели дневно на глобално ниво.

Само мал број инвеститори очекуваат дека истовремено OPEC ќе го ограничи нивото на производство за да поттикне раст на цената. Членките на нафтениот картел повеќе се насочени кон сочувувањето на пазарниот удел, сметаат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП