26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Диатек“ ќе вработи 200 луѓе

„Диатек“ ќе вработи 200 луѓе

diatek-investicija

Италијанската компанија „Диатек“, којашто отвора фабрика во Македонија, ќе вработи 200 лица, а за јули е планирано првото производство.

Договорот за инвестицијата во понеделникот го потпишаа сопственикот на компанијата „Диатек“, Диего Мосино, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. На потпишувањето присуствуваа и премиерот Никола Груевски, и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Италијанската компанија, којашто се занимава со дигитално печатење, ќе инвестира 10 милиони евра во ТИРЗ – Скопје1, со предвидени 200 вработувања, беше истакнато на потпишувањето на договорот.

Како што најави Мосино, во првата група ќе се вработат 30 лица. Групацијата „Диатек“ има годишен обрт од 180 милиони евра и 800 вработени, а освен во Италија, има отворено фабрики во Швајцарија, Франција, Германија и САД. Според него, главна причина за инвестирање во Македонија се поволните услови, кои се нудат за водење бизнис.

„За реализација на новата инвестицијата заслуги има и македонската дијаспора во Италија, која ги остварла првичните контакти. Со оваа инвестициа Италија ја проширува палетата инвеститори во Македонија, но и ја зголемува можноста за доаѓање на други италијански компании“, рече Пешевски.

„Диатек“ е компанија која произведува материјали кои ќе се користат во текстилната индустрија. Главно ќе се произведуваат фолии со кои ќе се покриваат производи од ткаенина.

Новата фабрика ќе се простира на 2.500 квадратни метри и според потребите натаму може да се проширува. За почеток, предвиден е извоз во висина од 15 милиони евра годишно.

Производството од овој капацитет ќе биде наменето за пазарите на источна Европа, Турција, северна Африка и Персискиот залив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП