27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзил во ЕУ во 2014-та барале над 626.000 луѓе

Азил во ЕУ во 2014-та барале над 626.000 луѓе

azilanti 35

Бројот на барателите на азил во Европската унија пораснал во 2014 година за 191.000 луѓе, на вкупно 626.000, а најмногу од нив доаѓаат од Сирија, Авганистан и од Косово, објави европската статистичка агенција Eurostat.

Лицата кои барале азил регистрирани во земјите од Европската унија повеќе во текот на 2014 година се зголемил за 191.000 лица или за 44 отсто во однос на претходната 2013 година и изнесувал рекордни 626.065 азиланти. Особено е зголемен бројот на барателите на азил од Сирија, и тоа за 72.000 и изнесува речиси 123.000, наспроти 50.000 претходната година.

Далеку најголем е бројот на лицата кои барале азил во Германија, 202.700, односно 32 отсто од вкупниот број во ЕУ, а следат Шведска со 81.200 баратели, Италија со 64.600, Франција 62.800 и Унгарија 42.800 баратели на азил. Сите овие земји забележале зголемување на барањата за азил, а единствено во Франција овој показател се намалил, и тоа за 5 отсто. Во Италија и во Унгарија е зголемен за повеќе од двојно, а во Германија и во Шведска е за половина поголем отколку една година порано.

Најголем број на барателите на азил и натаму доаѓаат од Сирија – 122.790, или 20 отсто од вкупниот број, а 60 отсто од нив барањата за азил ги поднеле во Германија – 41.100 и во Шведска – 30.800. Сиријците се главните баратели на азил и во Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Кипар, Романија, Словенија и Шпанија.

На второто место се Авганистанците со 41.305 барања за азил, или 7 отсто. Најмногу од нив азил барале во Германија – 9.700, а во Унгарија 8.800

На трето место според обидот за иселувањето во земјите од Европската унија е Косово со 37.875 барања, или 6 отсто од вкупниот број, а повеќе од половината од нив, или 21.455 косоварите ги поднеле во Унгарија.

Речиси половина од одлуките на првата истанца за добивање азил во ЕУ во 2014 биле позитивно или 45 отсто. Државите членки, 27 за кои биле достапни податоци, донеле 360.000 одлуки на прва истанца од кои во 163.000 случаи е одобрен бегалски статус, супсидијарна заштита или одобрување на престој од хуманитарни причини.

Најмногу позитивни одлуки се донесени во полза на Сиријците, 66.300 или 41 отсто од вкупниот број, а следат Еритрејците – 14.170 и Авганистанците 11.175.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП