5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од далноводот кон...

ЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од далноводот кон Драчево

dracevo 32

ЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од 110 кВ далновод во Драчево како единствено најбрзо решение на проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од оваа скопска населба.

Поставувањето на нов решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ќе трае повеќе дена, а во меѓувреме со привремената мрежа ќе се избегнат ограничувањата на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.

Со изградбата на двата портални дрвени столба ќе се активира Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето.

„ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на оштетениот столб, поставување на привремен нов далновод и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2“, се вели во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП