2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСигналите од Кувајт ја задржаа цената на нафтата близу 55 долари

Сигналите од Кувајт ја задржаа цената на нафтата близу 55 долари

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата се стабилизираше во четвртокот на светските берзи близу 55 долари за барел откако Кувајт порача дека OPEC нема друг избор освен да го задржи производството на постоечко ниво.

На лондонската берза цената на барелот за испорака во мај падна 98 центи во однос на претходното затворање, на 54,93 долари. На американската берза со барелот се тргува по 1,65 долари пониска цена, од 43,01 долари за барел.

Во средата цената на нафтата скокна откако американската централна банка сигнализираше дека клучните каматни стапки ќе ги крева побавно од очекуваното, по што доларот забележа најголем дневен пад за шест години. Послабиот доларот ја поттикнува побарувачката за нафта, чија цена е изразена во зелената банкнота.

Во четвртокот цената на нафтата ја притисна пораката од Кувајт, дека OPEC нема друг избор туку да го задржи производството на постоечко ниво.

„Не сакаме да загубиме пазарен удел“, појасни кувајтскиот министер за нафта Али ал-Омаир, додавајќи дека сепак го загрижува можното влијание од остриот пад на цената на нафтата врз државните буџетите на членките на OPEC.

Нафтениот картел во ноември минатата година го задржа постоечкото ниво на производство и покрај 40-отстотниот пад на цената на нафтата во однос на јуни, порачувајќи дека формирањето на цената треба да му се препушти на пазарот. Позицијата на традиционалните производители е загрозена од процутот на американското призводство на нафта од шкрилци, поради тоа стравуваат за својот пазарен удел.

Цената на нафтата во меѓувреме се спушти под нивото кое гарантира исплатливост на американското производство од шкрилци, а се зголемија и залихите на сурова нафта.

Податоците што ги објави во средата американската влада покажуваат дека во минатата недела залихите скокнале за 9,6 милиони барели.

Притоа аналитичарите напоменуваат дека одлагањето на одлуката за кревање на каматните стапки во САД би можела да им даде поголем простор на американските производители во поглед на финансирањето.

„Поевтиното финансирање ќе им овозможи на производителите на нафта да го прошират работењето или дури да го пребродат периодот на ниски цени“, толкува Даниел Анг од Phillip Futures.

OPEC одвоено објави дека на својата интернет страница цената на барел референтна кошничка нафта во средата изнесуваше 49,17 долари, што значи дека е за 41 цент повеќе во однос на преходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП