2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата Brent над 56 долари, цената на WTI расте

Цената на нафтата Brent над 56 долари, цената на WTI расте

nafta

Цената на суровата нафта на од марката Brent надмина 56 долари за барел, а цената на WTI е во пораст во атмосферата на зајакнувањето на американската валута и по одлуката на американската централна банка.

Според состојбата на пазарите во 20 часот во средата по македонско (18-ти февруари), цената на мајските фјучерси за северноморската мешавина на нафта од марката Brent се зголеми за 4,46 отсто, на 56,01 долар, за барел. Цената на априлските фјучерси на нафтата од марка WTI се зголеми, пак, на 2,55 отсто, на 44,57 долари за барел.

Комитетот за отворени пазари на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во средата по завршувањето на редовното заседание објави дека ја задржува референтната каматна стапка на рекордно ниското ниво од 0 до 0,25 отсто на годишно ниво. Fed ја изостави од соопштението формулацијата за подготвеноста да се покаже трпение во поглед на зголемувањето на каматните стапки. Притоа, регулаторот соопшти дека зголемувањето на каматните стапки на следната седница во април е малку веројатно.

Одлуката на Fed во продолжението на тргувањето во средата направи и притисок и врз американската валута. Така, индексот на доларот, односно курсот на доларот во однос на кошницата на шесте валути на земјите главни трговски партнери на САД, во 20 часот по македонско време во средата падна за 1,5 отсто, на 98,15 индексни поени.

„Слабеењето на доларот ќе ја зголеми цената на нафтата. Еден од најголемите проблеми последните месеци беше јакнењето на доларот, што правеше притисок врз цената на нафтата“, коментира за The Wall Street Journal Фил Флин, аналитичар во компанијата „Price Futures Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП