8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкфуртски DAX прв пат во историјата се искачи над 12.000 поени

Франкфуртски DAX прв пат во историјата се искачи над 12.000 поени

dax 3

Цените на акциите на европските берзи силно пораснаа во понеделникот, при што германски „DAX“ за прв пат во историјата мина 12.000 поени, поттикнат од падот на курсот на еврото на најниско ниво кон доларот за последните 12 години, што би требало да го заживее економскиот раст и извозот од еврозоната.

Франкфуртски „DAX“ околу пладне беше во плус 1,2 отсто, на 12.046 поени, надминувајќи ја за прв пат во историјата историската граница од 12.000 поени.

Истовремено, лондонски „Ftse“ беше во плус 0,47 отсто, на 6,772 поени, а париски „CAC“ порасна за 0,87 отсто, на 5.054 поени.

Паневропскиот „FTSEurofirst 300“ индекс зајакна за 0,7 отсто, на 1.589 поени, достигнувајќи ново највисоко ниво од крајот на 2007-ма година.

Растот на европските берзи е поттикнат од квантитативното монетарно олабавување на Европската централна банка со цел заживување на економскиот раст во еврозоната.

Поради таквата политика курсот на еврото достигна историски најниско ниво кон доларот. Иако денеска малку запрепна, курсот е за 25 отсто понизок во однос на лани.

Ова им оди во прилог на компаниите од еврозоната, кои околу 50 отсто од својата продажба ја остваруваат на пазарот надвор од регионот, а поради слабото евро нивните производи на светските пазари стануваат се поконкурентни.

„Инјекцијата на ЕЦБ и натаму поттикнува раст на „DAX“ и останатите индекси во членките на еврозоната, а инвеститорите се импресионирани од вложување во акции на компании од еврозоната“, велат аналитичарите.

Најмногу по добивка денеска се истакна ацијата на „Siemens“, со скок од 1,6 отсто, откако компанијата договори повеќе проекти во Египет.

Акцијата на италијанскиот оператор со автопатишта „Atlantia“, како и снабдувачот на италијанските аеродроми и автопатишта „Autogrilla“, достигнаа рекордни ценовни нивоа темелени на очекувањата на инвеститорите дека ќе дојде до зголемен сообраќај во Италија, откако папата Франциск неочекувано најави одржување на Света година за Католичката црква, која ќе започне во декември. Римокатоличката црква досега во својата историја имала само 26 свети години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП