9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот до крајот на годинава на ниво на еврото?

Доларот до крајот на годинава на ниво на еврото?

1403075710_dolar-1

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 12 години и наскоро би можело да се изедначи со американската валута, проценуваат експертите.

За тоа придонесоа и мерките на Европската централна банка, која со купувањето на обврзници го поттикнува економскиот раст во еврозоната. Невработеноста во европската монетарна унија е поголема од 11 проценти, па економистите се надеваат дека слабото евро ќе им помогнe на европските извозници, пренесуваат медиумите.

Додека американскиот долар продолжува да зајакнува, еврото е во пад од месец мај, па така тоа загуби една третина од вредноста. Се намали под 1,06 долари, што е најниското ниво од 2003 година. Европа така стана поевтина за американските туристи, па трговците и туристичките работници ги тријат рацете. Во Грција речиси една петина од приходите доаѓаат од тој сектор.

За разлика од еврозоната, чие закрепнување главно е слабо, американската економија бележи силен раст. Невработеноста е намалена на 5,5 проценти, што го поттикна купувањето на долари и дополнителниот пад на еврото. Но, на долг рок, премногу силниот долар би можел да има негативни последици за американската економија.

Падот на вредноста на еврото продолжи и оваа недела поради откупот на обврзници од членките на еврозоната во месечен износ од 60 милијарди евра. Експертите на „Deutsche Bank“ проценуваат дека еврото до крајот на годината најверојатно ќе се изедначи со доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП