9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за движење на тешки товарни возила на Стража

Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража

26122014191429_strazaprevoj

Сообраќајот на патиштата низ Македонија, со исклучок на планиснкиот превој Стража и кракот Маврово-Дебар, се одвива без забрани, по влажни коловози.

На планинскиот превој Стража и на кракот Маврово-Дебар е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП