4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазандол е новата инвестиција во рударскиот сектор од првични 25 милиони евра

Казандол е новата инвестиција во рударскиот сектор од првични 25 милиони евра

neziri dogovor

Договорот за доделување концесија за експлоатација на минерални сировини, како бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, во општините Валандово, Богданци и Дојран, е потпишан со претставници на Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, со кој покрај реализација на планираната англиско-украинска инвестиција, ќе се промовира и нов начин на вадење руда, со напредна технологија, во затворен систем, што овозможува максимална заштита на животната средина, без никакви отпадоци во околината, рече во петокот министерот за економија Беким Незири на прес-конференцијата по поптишувањето на споменатиот договор.

„Со денешниов договор за отворање на рудникот и изградба на фабриката за електролиза, која е планирано да почне со производство до крајот на оваа година, ќе се реализира инвестиција од дополнителни 25 милиони евра. Со рудникот и фабриката ќе бидат отворени за почеток околу 250 нови работни места, главно на луѓе од тој регион, а ќе бидат ангажирани фирми од регионот како  подизведувачи и деловни партнери. Дополнително, за потребите на комплексот ќе се подобри и локалната инфраструктура во делот на патиштата и енергоснабдувањето“, рече министерот Незири

Прецизираше дека планираниот капацитет на производство е повеќе од 4.000 тони бакар годишно во период од 12 до 15 години, што според Незаири значи дека по разни основи во буџетот на Република Македонија и на општинско ниво ќе се влеваат над два милиона евра годишно.

Извршниот директор на „Сардич МЦ“, Генадиј Сичов истакна дека споменатиот договор е одговор на барањето на компанијата за доделување концесија за експлоатација од ноември 2014 година, како резултат на добиените позитивни резултати од деталните геолошки истражувања на компанијата кои започнаа во мај 2014, врз основа на договорот за концесии за детални геолошки истражувања за три потенцијални наоѓалишта, и тоа Казандол, Плавуш и Петрошница, а согласно одлуката за најповолен понудувач по електронското наддавање на тендерот распишан во јануари 2014 година.

„За истражување, компанијата ’Сардич МЦ’, која претставува англиско-украински капитал, минатата година инвестираше околу пет милиони евра, а на име концесиски надоместок за овие три локации беа уплатени средства во износ од 7.144.000 денари, од кои 78 отсто се приход на општината каде се врши концесиската дејност, а 22 проценти се приход на Буџетот на Република Македонија. Во цел овој процес посебно би сакал да се заблагодарам до сите релевантни институции за одличната соработка, кои во најбрз можен рок ја завршија законски пропишаната рпцедура за доделување на концесијата, а посебно на Министерството за економија“, истакна Сичов.

Компанијата „Сардич МЦ“ промовира нов начин на вадење руда, со напредна технологија, што овозможува максимална заштита на животната средина, објасни директорот на „Сардич МЦ“, Бошко Сибиновски.

„Технологијата на извлекување е специфична и се одвива во затворен циклус на извлекување и преработка по пат на електролиза, без испуштање на никакви гасови, течности или тврди отпадоци во околината. За таа цел, од врвни македонски и меѓународни експерти е изработена целокупната документација за добивање на интегрирана еколошка дозвола, која ги исполнува најстрогите европски пропишани параметри“, потенцираше Сибиновски.

Од инвестициски аспект, концесионерот планира отворање нови копови, но и рудници во Петрошница и Плавуш, како и изградба на фабрика за добивање на финални бакарни производи, со што во наредните четири години би се заокружила планираната инвестиција од 250 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП