6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува исплатата за оштетените во поплавите

Почнува исплатата за оштетените во поплавите

poplavi 255

Хуманитарната акција за поплавените подрачја во Македонија е завршена и успешна, а исплатата на оштетените ќе почне денеска.

Донирањето преку бесплатните телефонски линии заврши на 25 февруари, а досега се собрани 12.704.000 денари од кои 10 милиони денари ќе бидат донирани на 260 загрозени семејства од  поплавените општини Битола, Кичево, Струмица, Неготино, Прилеп, Ресен, Штип, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Берово, Новаци и Могила.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов рече дека екипите на МТСП и Црвениот крст се постојано на терен во поплавените подрачја, а почнувајќи од денеска, па до следната недела, парите ќе им бидат предадени на оштетените семејства.

„Проценката што е направена е дека во Битола има 58 семејства коишто се погодени од поплавите, во Новаци 3, во Могила 33, во Кичево 68 семејства, во Струмица 19, Босилово 10, Неготино 10, во Прилеп 13, Кривогаштани 7, во Ресен 11, Штип 4, Демир Хисар 7, Кавадарци 4, Гостивар 4, Чешиново 4, во Пехчево 4“, образложи Спасов.

Појасни дека надоместокот на средства што можат да го добиваат семејствата е поделен во десет групи, во зависност од претрпените штети. Најниската сума на средства е од 14 илјади, а највисоката до 110 илјади денари.

„Во моментов се врши проценка на сите штети што настанале без разлика дали тоа е земјоделска површина или инфраструктура, работат тимови на терен, но исто така се вклучија и експерти од Светска банка и во постојана сме координација со Европската комисија. По завршувањето на проценката кога ќе се знае точно колкава е штетатa и семејствата и компаниите кои претпеа штети од поплавите ќе бидат обештетени“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Во изминатиов период, посочи министерот, беа организирани и низа на донации од страна на МТСП.

„Преку центрите за социјална работа сета онаа облека, обувки и прехранбени продукти кои беа запленети од страна на Царината и Агенцијата за одземен имот беа дистрибуирани на погодените семејства од поплавите“, рече Спасов.

Генералниот секретар на Црвен Крст на Република Македонија, Саит Саити целата хуманитарна акција ја оцени како мошне успешна за која како што рече заврши со одлична соработка помеѓу сите надлежни институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП