5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно раст на невработеноста во Хрватска

Повторно раст на невработеноста во Хрватска

zagreb

Во месец јануари регистрираната стапка на невработеност во Хрватска се зголеми од 19,6 проценти на 20,3 проценти, што е петти последователен месец во кој стапката расте, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.

По падот во текот на летото поради вработувањата во туристичката сезона, од месец септември стапката на невработеноста повторно последователно расте, па така во јануари, за прв пат од април минатата година, таа се врати на нивото од над 20 проценти.

Се очекува продолжување на растот на невработеноста. Податоците на веб страницата на Хрватскиот завод за вработување покажуваат дека во моментов се пријавени 329,890 невработени лица, што е за речиси околу 650 лица повеќе во однос на крајот на јануари.

Имено, според неодамна објавените податоци на заводот, на крајот на јануари биле евидентирани 329,230 невработени лица, што е за 12,460 лица или 3,9 проценти повеќе отколку еден месец претходно.

Сепак, во однос на јануари минатата година, бројот на невработени е помал за 13 проценти, или за околу 49,050 лица. Па така и јануарската стапка на невработеност од 20,3 проценти е помала од минатогодишниот месец јануари кога таа изнесуваше 22,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП