4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поскапуваат три, дизелот четири денари

Бензините поскапуваат три, дизелот четири денари

benzin--dizel

Малопродажната цена на бензините од вторник се зголемува за три денари по литар, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари, одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 65 денари, додека за литар Еуросупер БС-98 ќе треба да се одвојат 67 денари.

Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V)  ќе изнесува 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 43,50 ден/лит.

Поскапува и малопродажната цена на килограм мазут за 2,724 ден, со што новата цена на М-1 НС изнесува 26,180 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 14,63 % повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, се вели во образложението на регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП