6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез договор меѓу Атина и Еврогрупата за условите за финансиската помош

Без договор меѓу Атина и Еврогрупата за условите за финансиската помош

ek grece

Грција и Еврогрупата не најдоа заеднички став во понеделникот околу можната трансформација на програмата за финансиската помош на земјата, изјави по средбата во Брисел претседателот на Советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната, Јероен  Дијселблом.

Според челникот на групата министри на земјите од европската монетарна унија, истовремено истакна дека Еврогрупата смета дека е неопходно продолжување на сегашната програма за меѓународна финансиска помош на Грција.

„Потребно ни е време за да се формулираат новите предлози за помошта. Во овој период Еврогрупата смета дека е неопходно да се продолжи актуелната програма за Грција со потврдување на постојните обврски на Атина кон доверителите, исклучувајќи какво и да е еднострано решение од страна на владата на Грција“, изјави Дијселблом.

Претставник на грчката влада, за новинарите во Брисел изјавил дека ваквите барања се „неприфатливи“ за Атина.

Претходно европски дипломатски извори навестија дека двете страни се далеку од постигнување компромис, како и дека преговорите ќе продолжат во текот на седмицата, иако разговорите во понеделникот се сметаа за клучните за ситуацијата и иднината на Грција во еврозоната. За време на седумчасовниот итен состанок во петкот во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната со Грците не можеа да усогласат ниту заедничка изјава околу следните чекори.

Еврогрупата на овој состанок во Брисел го направи вториот обид да постигне договор со Атина за преформатирање на меѓународната кредитна програма за Грција. На состанокот биле претставени два текста за позициите на Атина и нејзините доверители за идентификување на точките по кои се совпаѓаат и разликуваат нивните ставови. Документите беа изготвени врз основа на техничките дискусии кои започнаа минатиот петок.

Грција тврди дека и’ се претешки условите за враќање на кредитот 240 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија, и покрај тоа што и’ беа отпишани стотина милијарди евра долг кон приватните доверители, во замена за острите мерки за буџетски кастрења, реструктуирање и приватизација. Функционери на Европската унија досега одбиваа да ги прифатат грчките напори да издејствуваат реструктуирање на кредитните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП