4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: 17,5 млрд долари за Украина

Лагард: 17,5 млрд долари за Украина

kristin_lagardnfuebg77g38ge9dgd8gs7f67dd

ММФ и Украина постигнаа прелиминарен договор за исплата на 17,5 милијарди долари на Киев во рамките на поширокиот пакет помош вреден 40 милијарди долари.

Директорката на ММФ Кристин Лагард наведе дека тимот на ММФ во Киев постигнал договор со украинската влада за четиригодишната програма, но дека тој договор сега треба да го одобри управниот одбор на фондот, пренесува Ројтерс.

Претходната програма за помош одобрена во април 2014 година не успеа да ги стабилизира украинските финансии.

Директорката на ММФ додава дека во вкупната програма тешка 40 милијарди долари ќе учествуваат и земјите на ЕУ.

Лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција се вратија денес на преговарачката маса во Минск и продолжуваат со разговорите за ставање крај на конфликтот во Украина, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП